Луксузни јахти вредни милиони евра: Новак ја нарекол по мајка му, Јариќ својата ја избирал со Адријана Лима, а луксузна јахта има и Саша Поповиќ…

инстаграм

Не е тајна дека голем број од јавните личности сакаат во текот на летото да уживаат на скапоцени пловила. Цените на луксузните јахти воопшто не се занемарливи, без оглед на нивната заработувачка, па така некои помали пловила се продаваат за околу половина милион евра, додека има и такви кои чинат над 500 милиони евра.

Ова се само некои од јавните личности кои можат да се пофалат со морски возен парк, јахти на кои уживаат за време на летото, крстарејќи.

View this post on Instagram

A peaceful afternoon ride on LIMITLESS ☀️??

A post shared by Marko (@marko_jaric10) on

Бившиот кошаркар Марко Јариќ пред неколку години купи јахта која и денес ја поседува. Во прашање е „zeelander 44“ со должина од 13,5 метри, а вреди околу 900.000 евра. Скапоцената јахта тогаш било доставена на пристаништето во близина на домот во Мајами, каде што кошаркарот живеел со Адријана Лима. Јахтата ја чекале неколку месеци за да стигне токму на време. Јариќ денес често ја вози со пријателите и со ќерките.

Синиша Михајловиќ

View this post on Instagram

? Ci vorrebbe il mare …..?

A post shared by Arianna Rapaccioni Mihajlovic (@ariannamihajlovic) on

Пред две години скапоцена јахта купил и Синиша Михајловиќ, српскиот фудбалски тренер и поранешен фудбалер, кој се вози на луксузниот брод „baljeto 41”, купен од италијанскиот дизајнер Роберто Кавали. Бојата се прелева од зелена во виолетова, од златна во сина, и во сите нијанси и комбинации на тие бои, во зависност од аголот под кој ја осветлува сонцето. Кавали ја ценел јахтата на 20 милиони евра, но за Михајловиќ, наводно направил пријателски попуст и му ја продал за половина поевтино.

Златан Ибрахимовиќ

View this post on Instagram

Lion on land, shark at sea #riva

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) on

Пред три години, фудбалерот Златан Ибрахимовиќ го посетил италијанскиот град Специја, каде што се продаваат најскапите јахти во светот. Според медиумите, Ибрахимовиќ отишол да ја купи луксузната суперјахта „Riva 100 Corsaro“, по цена од 8 милиони евра. Производителот на јахти, Ферети, објавил на својот инстаграм-профил и фотографии од Ибраимовиќ кој позирал покрај макетата на нивниот модел. Јахтата е долга 29 метри, а има брзина од 27,5 чвора. Поседува голема трпезарија, коктел бар и иновативна гаража, огромна спална соба со феноменален поглед на морето… Јахтата има и посебно катче опремено со караоке систем и силно озвучување.

Инстаграм

Новак Џоковиќ

Славниот тенисер ја поседува јахтата „Дијана“, наречена по неговата мајка, за која минатата година купил марина во Тиват.  „Yacht 88“ на прочуениот бренд  „Sunseeker“ направена е во Британија, а чини околу пет милиони евра, а припаѓа на средната класа пловила на прочуената англиска марка. Долга е 27 метри, поседува џакузи, ВИП кабина и помал гумен чамец. Максималната брзина ѝ е 30 чвора, а на неа најдобриот српски тенисер често ужива со семејството.

Сандра Африка

На изненадување на многумина и пејачката Сандра Африка поседува јахта. Покрај тоа што порачува дека пловењето со јахта е еден од најдобрите начини за релаксирање после напорните настапи, таа смета дека е идеална и за журките што ги организира. Иако многумина се зачудиле што таа го поседува ова скапоцено пловило, пејачката се одбранила со фактот дека добро заработува од своите настапи кои секојдневно ги има, како и со тоа дека веќе со години е на естрадното небо.

Андреј и Сандра Мељниченко

профимедиа

 

Поранешната српска пејачка и манекенка Александра и нејзиниот сопруг, рускиот милионер Андреј, својата јахта ја нарекле  „A”, по првите букви на нивните имиња. Нивната морска куќа е долга 143 метри, а чинела околу 400 милиони долари, па е забележана каде и да плови. Крстарењето со оваа јахта е вистинско задоволство, а таква чест имала пријателката на Сандра, Нина Бадриќ која се пофалила со пловидба на овој гигантски брод за време на престојот на Ибица. Семејството пред да ја има оваа јахта, имале истоимена но малку помала јахта, со должина од 120 метри, која ја платиле 300 милиони долари.

Саша Поповиќ

Ни дикреторот на „Гранд продукција“ не заостанува зад актуелните трендови, па и тој поседува јахта. Таа е закотвено во Опатија, каде што Поповиќ има стан и таму го минува речиси цел годишен одмор. Јахтата е долга околу 18 метри, стара е околу три години, ја има целата потребна опрема, многу е луксузна и затоа не е чудо што чинела милион евра. Мебелот е работен по мерка, некои ѕидови се направени од најфино дрво, има неколку одвоени кабини, трпезарија, кујна, мини теретана како и преубава ложа. Поседува и неколку купатила и голем простор за сончање. Вкупната квадратура на внатрешноста на пловилото е околу 30 метри квадратни, а максимален капацитет е за 20 лица. Погодна е за повеќедневни крстарења. Саша мора да издвои за скиперот кој ја управува неговата јахта околу 4 илјади евра месечно.

View this post on Instagram

Opatija

A post shared by Sasa Popovic (@sasa_popovic_official) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот