Лукот не е здрав за сите: Голем ризик за дури четири групи луѓе

Фото: Пиксабеј

Лукот е една од најздравите намирници чии чудесни лековити својства прават неверојатни благодати за здравјето. Луѓето го користеле уште од античко време за лекување на многу здравствени проблеми.

Познато е дека старите Египќани, за време на изградбата на пирамидите често им давале на своите робови лук за да ги одржуваат во добра состојба. Содржи околу 400 активни состојки, а богат е со витамини и минерали како што се аденозин, алицин, аминокиселини, растителни влакна, растителни масти, витамин А, витамин Б1 и Б2, витамин Ц, железо, ензими, етерични масла, јод, калиум, калциум, селен, сулфур и фосфор.

Но, и покрај сите негови лековити својства, овие групи луѓе не треба да го консумираат.

Пациенти пред операција

Доколку во блиска иднина треба да бидете подложени на хируршки зафат, се препорачува да не консумирате лук најмалку две недели пред тоа, бидејќи тоа би го продолжило крвавењето.

Луѓе со низок крвен притисок

Оваа чудесна храна го намалува крвниот притисок, па ако страдате од низок крвен притисок можете да си направите повеќе штета отколку корист ако ја консумирате.

Луѓе кои имаат проблеми со црниот дроб

Иако лукот има антибактериски и антивирусни својства и може да убие бактерии и вируси, не треба да се користи во спречувањето на вирусот хепатитис. Имено, некои соединенија на лукот можат да предизвикаат стимулација во желудникот и во цревата, што може да го инхибира лачењето на дигестивниот сок во дигестивниот тракт. На овој начин влијае на варењето на храната и влошува многу симптоми на хепатитис, како што е мачнината.

Луѓе кои страдаат од болести на очите

Пациентите кои страдаат од болести на очите, особено оние со лошо здравје, исто така, треба да избегнуваат лук. Традиционалната кинеска медицина промовира дека редовното консумирање лук во големи количини во подолг временски период може да ги оштети очите и црниот дроб, но, исто така, може да предизвика губење на меморијата, зуење во ушите (тинитус) и други здравствени проблеми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот