Лукашенко потпиша закон со кој си даде доживотен имунитет од кривично гонење

Лукашенко
Лукашенко

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска потпиша закон со кој си додели доживотен имунитет од кривично гонење и спречување на опозициските лидери кои живеат во странство да се кандидираат на следните претседателски избори.

Законот теоретски може да важи за секој поранешен претседател и членови на неговото семејство.

Според текстот на новиот закон, Лукашенко, дури и кога ќе ја напушти власта, „не може да одговара за дејствијата извршени во врска со извршувањето на неговите претседателски овластувања“.

Законот значително ги заострува условите за претседателските кандидати и го спречува изборот на опозициските лидери кои пребегнаа во соседните земји во последните години, бидејќи според новиот закон, само државјаните на Белорусија кои постојано престојувале во земјата најмалку 20 години и никогаш немале дозвола за престој во друга држава имаат право да се кандидираат на избори.

Законот, исто така, наложува на претседателот и на членовите на неговото семејство да им се обезбеди доживотна државна заштита, медицинска нега, животно и здравствено осигурување, а по оставката, претседателот ќе стане и доживотен член на Горниот дом на белорускиот парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот