Лукаревска: Потпишан колективен договор меѓу синдикалната организација и УЈП, вработените ќе добијат поголеми плати

Фото: Фејсбук

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска информираше дека е постигнат договор меѓу Синдикатот на Управата за јавни приходи (УЈП) и раководството, но засега нема детали што тој содржи.

Во емисијата „SummerClick“ на ТВ21, Лукаревска изјави дека договорот бил потпишан во петокот, постигнат со посредство на медијаторот Илија Манасиев. Тоа што го бараа вработените е почитување на колективниот договор и зголемување на платите за 30 проценти.

Во петокот беше потпишан колективен договор меѓу синдикалната организација и УЈП и беше добиено позитивно мислење од Министерството за финансии, рече Лукаревска и најави дека вработените ќе добијат зголемување на платите.

Во изминатиот период вработените во УЈП протестираа и најавија генерален штрајк. За помирувач првично беше назначен Лазар Јовевски кој побара иземање затоа што не беше во државата, по што на негово место беше назначен Илија Манасиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот