Лукаревска: Покажавме одговорност, ги вративме слободата и европскиот пат

фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Гласајте за да им ставиме крај на лагите и на црните сценарија на режимот, гласајте за сигурност, порача носителката на листа на коалицијата „Можеме” во ИЕ2 Сања Лукаревска во општина Гази Баба.

На 15-ти излезете и гласајте, не дозволувајте друг да го прави изборот за вашата иднина, вие одлучувате, заокружете три за да одиме напред. Покажавме одговорност, ја вративме слободата. Градиме држава на цврсти темели, не на стиропор, градиме европска држава, не изолација, градиме општество еднакво за сите, не национализми и поделби. Гласајте за да им ставиме крај на лагите и на црните сценарија на режимот, гласајте за сигурност, порача носителката на листа на коалицијата „Можеме” во ИЕ2 Сања Лукаревска во општина Гази Баба.

Таа нагласи дека продолжуваат со развојна економија, поддршка на домашните и странските компании со 600 милиони евра, од кои 300 милиони од буџетот и 300 милиони од европските фондови.

– Најавуваме една милијарда евра странски инвестиции за следните четири години, базирани на иновации и одржливост. Невработеноста ќе ја намалуваме за три отсто годишно, до едноцифрена стапка на крајот на мандатот. Обезбедуваме конкретни развојни мерки, грижа за секого. Парите ги враќаме кај граѓаните, ги зголемивме и платите и пензиите. Обезбедуваме раст на просечната и на минималната плата и во наредниот мандат. Со конкретни мерки ги помагаме компаниите и ги штитиме работните места на граѓаните. Инвестираме во младите да се развиваат и да се реализираат овде, дома, рече Лукаревска.

Таа нагласи дека го афирмираат и го реализираат концептот за родова рамноправност 50/50.

– На кандидатските листи на СДСМ и на коалицијата МОЖЕМЕ подеднакво се застапени и жените и мажите, обезбедуваме родов баланс и во извршната власт, на 40 проценти од функциите ќе бидат жени. Градиме едно општество за сите. За нас разликите се заедништво. На 15-ти во среда, излезете и гласајте да продолжиме по европскиот пат, да обезбедиме уште подобар стандард, правда за сите. Влада на ВМРО ДПМНЕ е Влада на опасност, гласајте за Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата „Можеме”, гласајте за добри политики, гласајте за сигурност, рече Лукаревска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот