Луис Капалди, Стормзи и Мејбел освоија „Брит“ награди: Били Ајлиш за првпат ја изведе „No time to die“ во живо! (ВИДЕО)

EPA

Доделувањето на престижните британски музички награди „Брит“ се одржа синоќа по 40-ти пат, а иако никој не го повтори успехот на Били Ајлиш од доделувањето на Греми наградите, раперите Стормзи и Дејв, како и пејачите Луис Капалди и Мејбел успеаја да се профилираат како ѕвезди на вечерта.

Церемонијата, третпат по ред, ја водеше комичарот Џејт Вајтхол.

Првата награда ја однесе раперот Стормзи, победувајќи ги Хари Стајлс, Луис Капалди и Дејв во категоријата за најдобар соло уметник.

Англиската пејачка Мејбел ги отвори Брит наградите со својот живописен настап и песната „Don’t call me up“, а потоа ја однесе наградата за најдобра соло уметничка.

За најдобар млад уметник е прогласен Луис Капалди (23), кој на сцената се појави со шише пиво во рака.

Младата музичка ѕвезда, 18-годишната Били Ајлиш, ја однесе наградата за најдобра интернационална музичарка, а воедно и за првпат имаше прилика во живо да ја изведе насловната нумера за новиот филм за тајниот агент Џејмс Бонд – „No time to die“.

Морам да ви кажам нешто што ми текна вечерва. Неодамна се сетив дека многумина ме мразат, а кога се искачив на сцената и ве видов сите вас како ме гледате со насмевка, тоа ме наведе на солзи и чувствувам дека сега би можела да заплачам. Така што, ви благодарам – изјави Били во својот емотивен говор.

Иако се враќаат дома со празни раце, посебно внимание на церемонијата на доделувањето на наградите привлекоа Хари Стајлс и Лизо со своите настапи, а како изгледаше тоа можете да погледнете на следните снимки… 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот