Луис Хамилтон е без победа: Има плата од 46 милиони евра и ќе добие нов договор

фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Луис Хамилтон (37), седумкратниот шампион во Формула 1, возачот на „Мерцедес“ чувствува дека пред себе има уште пет години од кариерата.

Британецот е без победа оваа Ф1 сезона, но со најголем договор меѓу конкурентите на патеката.

Според „Би-Би-Си“, Хамилтон во последната сезона од договорот со Мерцедес вози за приближно 46 милиони евра.

На 17 трки сезонава освои 170 бодови и се наоѓа на шестото место во генералниот пласман кај возачите со 171 бод помалку од лидерот Макс Ферстапен.

– Разговараме често. Седнавме минатата недела и тој ми кажа дека има уште пет години тркање во него и ме праша што мислам за тоа. Ние сме искрени еден со друг и знам дека тој ќе биде првиот да каже дека не може повеќе да се трка кога ќе почувствува дека реагира пребавно. Или кога трките ќе престанат да му бидат забавни. Воопшто не се сомневам дека кога ќе се продолжи договорот, а до тоа ќе дојде, ќе разговараме отворено за што носи иднината – вели тимскиот шеф, Тото Волф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот