Луѓе и судбини: Син се качил на прозорецот од ковид – болницата за да се збогува со својата мајка

Фото: Twitter

Неговата фотографија се појави минатата недела на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции.

Приказната за Палестинецот Џихад ал Суваити (30) го обиколи светот и потресе многу луѓе.

Бидејќи мајката му била хоспитализирана поради коронавирусот, а посетите не се дозволени, седнал на прозорецот од болницата за да ја глед.а

Расми Суваити (73) починала минатиот четврток, недолго по „посетата“ на својот син.

На овој необичен, но и тажен начин, Џихад се простил од својата мајка.

„Седев беспомошно на прозорецот од собата за интензивна нега, гледајќи ги нејзините последни моменти“, рече тој за локалните медиуми.

„Џихад е најмладото дете и бил многу близок со мајката, посебно по смртта на нашиот татко пред 15 години. Мајката боледуваше од леукемија, а пред неколку недели беше тестирана позитивно на ковид-19. Кога дозна за нејзината смрт, Џихад беше многу вознемирен. Но сега се чини дека се помири со тоа“, рече неговиот брат Расми.

Неговата фотографија се појави минатата недела на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции. Еден карикатурист дури ѝ посвети и илустрација.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот