фото Фејсбук

Љубовниот живот на Вирџинија Вулф, била сексуално злоставувана како дете, а повеќе ги сакала жените од мажите

Се омажила за Леонард Вулф и тогаш открила дека е фригидна. Сексуалните односи во бракот престанале веднаш по медениот месец, иако парот бил среќен во текот на 26-те години.

Вирџинија Вулф имала и привлечност и ум. Нејзината мајка, Јулија Дукворт, била прочуена по својата убавина, а нејзиниот татко, Лесли Стивен, доминирал како една од водечките книжевни фигури во Англија. Вирџинија била висока и витка, со нагласени, убави очи.

Израсната во окружување на врвни интелектуалци и станала една од најзначајните писателки на 20 век на англиски јазик.

Патела од повремени напади на лудило, манична депресија, а тогаш ѝ се појавувале и звучни и визуелни халуцинации, но и длабока потиштеност. Тие напади речиси биле правило кога ќе завршела со пишување на некоја од своите книги.

Почетокот на Втората светска војна било нешто многу повеќе од тоа што нејзината фрагилна фигура можела да го поднесе. Затоа, ги наполнила џебовите од својот мантил со камења и скокнала во река. Имала 59 години.

Вирџинија имала два полубрата, Џералд и Џорџ, кои на нејзината 6-годишна возраст ја запознале со светот на сексуалноста. Џералд, кој тогаш имал нешто повеќе од 20 години, редовно ги „проверувал“ нејзините гениталии. Во текот на нејзината младост, Џорџ во текот на ноќта се вовлекувал во собата на Вирџинија додека таа спиела, се вовлекувал во нејзиниот кревет и ја мазел, гушкал и бакнувал. За се ова Вирџинија молчела и го трпела злоставувањето до својата 22 година.

Иако имала бројни додворувачи, некои од нив ја молеле да ја оженат, таа не сакала да се мажи се до својата 30 година. Се омажила за Леонард Вулф и тогаш открила дека е фригидна.

Сексуалните односи во бракот престанале веднаш по медениот месец, иако парот бил среќен во текот на 26-те години. Во своето проштално писмо за Леонардо, Вирџинија напишала – „Не мислам дека двајца луѓе би можеле да бидат посреќни од тоа што ние бевме“.

Иако како девојка флертувала со мажи, по првпат кога се вљубила – се вљубила во една девојка. Се викала Меџ Вон, прекрасна жена со црна коса, која со Вирџинија ја делела љубовта кон литературата. Гаеле интимно пријателство без сексуални односи, но Меџ набрзо се омажила.

Во својата 20 година започнала страсни дописки со 17 години постарата од неа Виолета Дикинсон, пријателка на семејството. Писмата биле полни со страст, но до физички контакт никогаш не дошло. Десетгодишното дружење било платонска, длабоко емотивна врска.

После 10 години брак, Вирџинија, со своите 40 години, ја запознала 30-годишната Вита Саксвил Вест. Се вљубиле една во друга. Вита била многу убава, а згора на тоа и писателка. Нејзиното книжевно потекло датирало генерациски 400 години наназад. Вирџинија и Вита биле во врска пет години и спиеле заедно најмалку десет пати. Тој бил единствен хомосексуален физички контакт кој Вирџинија го имала. Односите со Вита биле најдолги сексуални односи во животот на Вирџинија Вулф.

Нејзиниот маж Леонард не се грижел за односот на неговата сопруга со друга жена зашто во таа врска не гледал опасност за својот брак.

Во едно писмо Вирџинија ѝ пишува на Вита – „добра работа е да се биде евнух како што сум јас“.

Со сумирање на сексуалниот живот на Вирџинија може да се каже дека подоцна во животот ја изгубила невиноста, значително повеќе била наклонета кон жените отколку мажите и била сексуално злоставувана како дете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот