ЛШ: Црвена звезда може со Олимпијакос, а Адеми против Карабах или Молде!

фото: принтскрин/uefa.com

Денеска во Нион се дознаа двојките во плеј-офот како последна пречка за влез во групите на Лигата на шампионите. Црвена звезда доколку во третото квалификациско коло ја елиминира кипарската Омонија, следен противник ќе го има Олимпијакос.

Динамо Загреб на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми во плеј-офот ќе игра со подобриот од дуелот Карабах-Молде, но претходно Хрватите мора да слават против Ференцварош од Унгарија.

Во останатите плеј-оф натпревари, ЛШ: Славија Прага против Митјиланд или Јанг Бојс, а Салцбург на гости ќе игра со Макаби Тел Авив или Динамо Брест.

Краснодар го чека подобриот од ПАОК и Бенфика, а победникот од Гент-Рапид Виена ќе се соочи со Динамо Киев или АЗ Алкмаар.

Натпреварите се закажани за 22/23 и 29/30 септември 2020 година. Победниците во плеј-оф мечевите ќе играат во групите на ЛШ, а поразените во групите на Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот