„ЛОВЕЦОТ НА УРАГАНИ“ НА СВЕТОТ МУ ПОКАЖА „ЧУДОВИШТЕ“: Еве како Доријан ги пустоши Бахамите! (ВИДЕО)

„Ловецот на урагани“, Џош Моргерман снимил застрашувачко видео преку кое прикажува низ што минале жителите на Марш на островот Абако, при минувањето на ураганот Доријан, во северозападниот дел на Бахамите.

Моргерман од прва рака го забележал доаѓањето на ураганот, ударот, како и првиот, вториот и третиот ден по него. Снимката не само што ја покажува бруталната моќ на ураганот, туку и шокантните последици.

Ураганот зад себе оставил хуманитарна криза, најмалку 50 мртви, повеќе од 1.000 исчезнати и илјадници преживеани кои се без вода, храна и покрив над главата.

– Имав чувство кога слетав во Абако дека ова ќе биде „лов на векот“ – вели тој.

За време на престојот на Абако, тој повремено се огласуваше преку социјалните мрежи, со цел да ги информира пријателите и роднините дека е жив и неповреден. Моргерман го опиша пристигнувањето на ураганот Доријан на островот како „кугла за куглање“.

Прочитајте и...  Починал пред изборите, но победил - верните граѓани сепак гласале за него (ВИДЕО)

– Имаме совршен директен удар – рече тој тогаш.

На снимката се забележува „бесот“ на ураганот од категоријата 5. Моргеман наведува дека вистински деструктивни ветрови дувале околу пет часа. Тој додава дека ураганот Мајкл, кој се закани пред една година, бил многу побрз од Доријан.

– Бев премногу исплашен. Не можев да ја издржам втората половина од невремето во малиот бункер во кој бев сокриен – вели Моргерман.

Тој се надева дека неговата снимка ќе ги поттикне луѓето на акција и помагање на луѓето кои се погодени од минувањето на ураганот.

– И натаму се трага по исчезнатите лица – додава тој.

Прочитај повеќе

Османи: Ќе ги интензивираме контактите со Бугарија за да се изнајде решение за несогласувањата

Слободен печат

Помпео: Ерменија и Азербејџан да го запрат насилството

Слободен печат

Гутереш: Бројката на жртви од ковид-19 е застрашувачка

Слободен печат

Пејачката Малинкова тврди: Ќе барам оштета, никогаш не сум донирала пари за политичка партија

Бислимоски: Подготвени сме за грејната сезона, потрошувачите топлинската енергија ќе ја добиваат околу 6 часот

Слободен печат

„Алкалоид“ со донација за студентските и училишните домови во Скопје

СП.

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Отворен првиот плоштад за велосипеди во Скопје (ГАЛЕРИЈА)

Слободен печат

Потрошувачки кредит од Халкбанк за здравствени работници со грејс период до 6 месеци и фиксна каматна стапка од 4% во првите две години

СП.

Обид за грабеж во домот на докторот Вело Марковски

Лука Андреев

Клаудио Губитози: На „Џифони“ не е важно од каде сте, туку што сакате да бидете

СП.

Германија бележи рекорден јавен долг поради Ковид-19

Слободен печат

Илон Маск пак распали по Бил Гејтс: Сите умираат, никој од моите нема да се вакцинира!

Марина Дамческа