Фото: Град Скопје

Ловџија од Кавадарци паднал од карпа висока 150 метри, пожарникари со алпинистичка опрема го извлекувале телото

Телото било лоцирано на стрмен и лизгав планински предел, недостапен без алпинистичка опрема, па пожарникарите со часови се движеле врзани со јажиња за да стигнат до безживотното тело и да го извлечат од бездната, додека семејството и полицијата чекале на безбедна позиција.

Кавадарчанец загинал по пад од карпа при лов, a пожарникари вчера го извлекле телото. Пожарникарите за да го извлечат телото се движеле по тесни и лизгави карпи.

„До нас беше пристигнато барање за извлекување на безживотно тело на наш сограѓанин кој доживеал несреќа при лов, паднал од карпа висока 150 метри. Веднаш одговоривме на барањето и интервениравме со петмина пожарникари и опрема за работа на височина (алпинистичка опрема). Со придружба од четворица припадници на МВР Кавадарци и двајца членови на фамилијата се упативме кон длабокиот и непристапен стрмен терен. Поради тоа што телото на нашиот сограѓанин се наоѓаше на непростапен и непрооден терен, моравме да користиме опрема за алпинизам, да се врземе и обезбедиме меѓу себе, да не дојде до дополнителни незгоди“, информираат од ТППЕ Кавадарци.

Додаваат дека по целодневен напор по екстремно тешкиот терен телото успешно било извлечено од длабоката бездна и било предадено на органите за безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот