Лоши вести од Рим: Македонија без Несторовски на Европското првенство!

Илија Несторовски исто така им честиташе на своите репрезентативни колеги/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во изминатиот период се очекуваа детални информации околу тоа колку е сериозна повредата на Илија Несторовски, за жал, многу лоши за селекторот на сениорите, Игор Ангеловски.

На нешто повеќе од еден месец до почетокот на Европското првенство, италијанските медиуми пренесуваат дека нашиот напаѓач мора да оди на операција на вкрстените лигаменти.

Поради тоа, напаѓачот на Удинезе не само што ќе ги пропушти клупските обврски до крајот на сезоната, туку и нема да биде дел од ЕП со националната селекција.

Пред три дена Несторовски се повреди на еден од тренинзите, го пропушти мечот со Беневенто, а денеска замина денеска на специјалистички преглед на лигаментите на коленото во Рим и после консултацијата со професорот Маријани е потврдено дека мора да биде опериран, по што го очекува повеќемесечна пауза.

Сезонава за Удинезе во Серија А имаше 22 настапи и два гола, а лани во Тбилиси против Грузија ја имаше клучната асистенција до Горан Пандев за учество на континенталниот собир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот