Фото: Министерство за правда

Лога во Хаг на средба со претседателот на ЕВРОПРАВДА

Министерот за правда Кренар Лога денеска во Хаг оствари средба со претседателот на ЕВРОПРАВДА, Ладислав Хамран.

Како што информираат од Министерството, на средбата Хамран го истакнал задоволството од присуството на Лога на Конференцијата со која се означува почетокот на Проектот за Западен Балкан и неговата заложба за исполнување на обврските кои ќе придонесат за искористување на поддршката која ја нуди ЕВРОПРАВДА.

ЕВРОПРАВДА нуди поддршка од асепкт на упатување на обвинител за врска од Република Северна Македонија во Хаг што ќе доведе до видливо зголемување на резултатите во справувањето со прекуграничниот криминал, имајќи ги предвид позитивните искуства во регионот како и градење на националните капацитети, велат од Министерството за правда.

Лога посочил дека е запознаен со досегашната соработка со ЕВРОПРАВДА како и важноста од исполнувањето на обврските кои не се реализирани од аспект на пристапниот процес.

Министерот Лога ги презентираше активностите кои се преземаат во судството, јавното обвинителство , процесот на дигитализација и носењето на одржливи решенија. На покана на министерот за правда беше договорено Претседателот на ЕВРОПРАВДА, Ладислав Хамран да ја посети нашата држава, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот