Лизо на доделувањето на наградите се појави во „омот од чоколадо“, а сите ги коментираа нејзините нокти (ФОТО)

Пејачката Лизо (31) на доделувањето на „Брит“ наградите се појави во фустан кој наликува на целофан од „Hershey’s” чоколадото, а на многумина им потекоа лиги кога ја видоа.

31- годишната Лизо се претстави со интересен фустан со чуден дизајн, а на црвениот тепих позираше со голема самодоверба.

На ова случување на кое беше номинирана, Лизо се прошета како вистински чоколаден деликатес во фустанот на Џереми Скот кој го креираше за брендот „Moskino“.

Во рацете држеше торбича во облик на чоколадо која ја креираше Џудит Либер. Не само што беше украсена со дијаманти, туку и 100 проценти и одговараше и на фустанот.

– Најдобриот вид на чоколадо, напиша таа на објавата на Инстаграм.

Шминкерот Алекс Мајо и направи совршена шминка која го надополни целиот изглед. Кафената сенка на очите и сјајот на усните направија лицето на пејачката да заблеска.

View this post on Instagram

If you ever wondered what I taste like… ?

A post shared by Lizzo (@lizzobeeating) on

– Доколку се прашувавте каков вкус имам… – напиша таа на друг пост.

На ноктите таа имаше француски маникир, но наместо со бел крај, таа имаше кафени врвови од ноктите со што го надополни чоколадниот изглед.

За нејзината фризура беше задолжена Шелби Свајн, а таа носеше подигната пунџа со два пуштени прамени.

Исто така, и нејзиниот настап беше спектакуларен, а таа беше одлична на сцената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот