Ливерпул вечерва го брка 10 финале во Лигата на шампионите

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Денеска од 21.00 часот на стадионот во Шпанија ќе се игра реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите помеѓу екипите на Виљареал и Ливерпул.

„Црвените“ од Енфилд на првиот меч триумфираа со 2:0 и се надеваат дека таа предност ќе им биде доволна да го обезбедат своето 10 финале во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Од друга страна, ланскиот победник во Лига Европа, Виљареал се надева на чудо и дека ќе дојде до своето прво историско финале во ЛШ.

Екипата предводена од Јирген Клоп сезонава е во трка за дури четири трофеи, па лесно може да се случи оваа натпреварувачка година да влезе во историјата на англискиот гигант.

Потсетување дека в среда ќе се игра возвратната средба помеѓу Реал Мадрид и Манчестер сити, „граѓаните“ во првите 90 минути беа подобри со 4:3.

Лига на шампиони, полуфинале (реванш), Виљареал – Ливерпул (21.00 часот)

Можни стартни состави –

Виљареал: Рули, Фојт, Албиол, Торес, Еступинан, Чуквуезе, Капуе, Парехо, Данјума, Ло Селсо, Морено.

Ливерпул: Алисон, Александер-Арнолд, Конате, ван Дајк, Робертсон, Кеита, Фабињо, Тијаго, Салах, Мане, Дијаз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот