Листа со холивудски ѕвезди кои излажале за да добијат улога: Клуни и Крег најмногу се посрамотиле!

Фото: Инстаграм

Сите некогаш во животот сме излажале за да добиеме нешто ситно или корист од нешто, или можеби сме го премолчиле тоа што сигурно би не оддалечило од саканата работа. Ниту актерите во таа смисла не се исклучок, па така на оваа листа ќе ги најдете актерите од А холивудската листа кои ги излажале продуцентите со цел да добијат улога.

Сандра Булок

Фото: Инстаграм

Во далечната 1990 година кога, денес славната оскаровка, а тогаш прилично непозната актерка Сандра Булок се пријавила за улогата на научничката-биолог во филмот „Love Potion #9” и имала 26 години. Меѓутоа, популарната актерка во тој момент „случајно“ остарела за три години, бидејќи во спротивно не би ја добила главната женска улога бидејќи продуцентите барале „искусна актерка во средни години“. За жал, на Сандра измамата не и се исплатила претерано бидејќи филмот заработил само 700.000 долари на кино благајните со просечна оценка од 5,7 на сајтот „IMBd“.

Роберт Патинсон

Фото: Инстаграм

Пред да ја добие улогата во филмот „Harry Potter and the Goblet of Fire“ (2005), Роберт Патинсон бил само уште еден талентиран актер кој се обидувал да се пробие во филмската индустрија. Тој признал дека не бил секогаш искрен кога одел на аудиции за улоги. Во некои случаи тој се претварал дека е Американец, а не Англичанец, а понекогаш во своето CV наведувал дека студирал на Кралската академија за драмски уметности во рамките на Оксфорд, што не било вистина.

Мила Кунис

Фото: Инстаграм

Мила Кунис улогата на тинејџерката Џеки Буркхарт во ситкомот „That ‘70s Show” (1998-2006) ја добила кога имала само 14 години. Продуцентите на оваа популарна серија, сепак, биле убедени дека таа наскоро треба да наполни 18 години. Зошто го мислеле тоа? Па затоа што Мила Кунис така ги излажала на аудицијата.

Џорџ Клуни

Фото: Инстаграм

Клуни очајнички сакал да добива пристојни улоги и знаел дека треба да биде дел од „Screen Actors Guild” екипата со цел да би имал било какви шанси за успех во Холивуд. Во текот на една аудиција тој излажал дека играл во филм под називот „Cat People“, а за негова несреќа директорот на кастингот на кој се нашол воедно бил и директор на „Cat People“.

Даниел Крег

Фото: Инстаграм

Британскиот актер Даниел Крег излажал дека е вешт јавач на коњи со цел да добива улоги. Немал искуства со јавањето, но некое време му успевало да се извекува благодарение на таа приказна.

– Филмовите кои ги работев претходно имаа малку средства па немав прилика многу да вежбам. Јас само би се појавил да пукам и да застанам на коњ преправајќи се дека знам што правам, говорел Крег.

Повеќе не можел да се преправа кога ја добил улогата во научнофантастичниот вестерн „Cowboys & Aliens” (2011), каде морал да го совлада јавањето, а на крајот му се допаднало тоа искуство.

– Две недели тренирав јавање секој ден од почетокот на снимањето, за на крај и да купам коњ, призна актерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот