Липосукциска исхрана – диетотерапија што ги топи мастите на најкритичните места

Profimedia
Фото: Profimedia

Во каква состојба ви е стомакот? Време е да преземете нешто!

Oслободени од дебелите палта и џемпери, стомакот (барем кај оние што го имаат, а многумина се!) е главен протагонист на летото.

Намигнува од кратките маички што ги носат младите девојки, од под меките туники на дамите и под машките кошули, а сигурно не ѝ помага ни на нашата естетика ниту на нашата елеганција. Ниту пак, на нашето здравје.

Стомакот, сфатен како висцерална маст, всушност ни создава многу проблеми, дури и кај луѓете на кои остатокот од телото им е нормален. Стомачните масти се поврзани со зголемување на лошиот холестерол (ЛДЛ) и на триглицеридите, го менуваат одговорот на инсулинот и придонесуваат за појава на дијабетес. Тоа е познат фактор на ризик за хипертензија, срцев удар, мозочен удар, замастен црн дроб, остеоартритис, рак и депресија.

Лошата маст го зголемува крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта. И таа не треба да се меша со поткожната маст, која иако придонесува за заобленост на стомакот, не предизвикува кардио-метаболичко оштетување. Висцералната маст е различна: таа е токсична бидејќи ослободува масни киселини во циркулацијата на црниот дроб, од каде се акумулираат во повеќе органи (срце, панкреас, итн.), отежнувајќи го нивното оптимално функционирање.

Овој тип на маснотии, исто така, произведува RBP4 (retinol-binding protein 4), протеин кој ја зголемува отпорноста на инсулинот и го зголемува ризикот од хронични заболувања. Накратко, маснотиите на стомакот се далеку од тоа дека се само „невина и наивна подлога“ или „меко перниче“, туку може да нанесат сериозна штета на организмот и на севкупното здравје.

Во каква состојба е вашиот стомак? Освен визуелно, што може бргу да заклучите со еден поглед, најдобро ќе дознаете со мерење на обемот на половината. Измерете се во исправена положба со споени стапала, целиот воздух се издишува и, без да се вовлече стомакот, половината се мери на ниво на папокот. Или, уште подобро и попрактично, дојдете кај нас, во „Липо Диет“ центарот, и нашиот стручен тим точно ќе ги дефинира Вашите телесни пропорции.

Ризичните мерки варираат според полот, а вашата телесна тежина може да биде умерена, но која бара поситни корекции, прекумерна тежина, дебелина од прв степен, дебелина од втор степен итн. Во зависност од вишокот на килограми, нашиот стручен тим ќе Ви искреира персонална диетотерапија, односно личен протокол на липосукциска исхрана.

Како да започнете со липосукциска исхрана? Нутриционистите од претставништвото на „International Health“ Македонија стручно ќе ве воведат во протоколот, но и понатаму ќе ве водат сè додека ја постигнете посакуваната цел.

Можете да закажете бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот