Липо-искуство на Трајче Давков, професионален музичар: Резултатите во слабеење беа видливи уште по првите неколку денови
На Липо-третман бил четири недели или 31 ден. 14 дена бил на Липо-ќесички, па следувал тридневен детокс период, па нови 14 дена во кои му била пропишана исхрана со богат појадок, ручек и вечера. За овие 4 недели, Давков успеал да „стопи“ 10 килограми.
За Трајче Давков, професионален музичар, досега токму работното време му претставувало најголем проблем во процесот на слабеењето. Неправилната исхрана во доцните часови по секој настап го довело, како што вели, до мат-позиција. „Наталожив многу килограми што ми пречеа во работата и во нормалниот живот“ – искрен е Трајче, кој откако се впуштил во „мисијата“ Липо-искуство, не само што драстично ослабнал туку и се ослободил од нездравите навики во однос на исхраната.
Препорачано
„Ова е моето Липо-искуство со кое сакам да ги мотивирам луѓето што имаат исти животни навики и обврски, да им порачам дека можат да се справат со вишокот килограми“, ја почнува Трајче својата Липо-приказна, која бргу му го променила животот.
Вие бевте првиот добитник на Липо-подарок (Giveaway). Што Ве на натера да учествувате во наградната игра?
– Ја видов објавата на Липо-подарок (Giveaway) и ме заинтересира производот и видливите резултати на претходните корисници, па си реков кога можел некој друг, можам и јас да успеам, иако мојот начин на живот и работните обврски не ми дозволувале досега да успеам со диетите. Но, со Липо-третманот го немав тој проблем. Иако не очекував дека ќе го добијам подарокот, ме изненади веста и си реков ако не успеам сега, нема кога.
Беше ли тешко да се издржи? Што Ве мотивираше?
– Не, воопшто не беше тешка диетата, посебно не во летен период како што е сега, а ме мотивираше краткото време од 14 дена и брзината на резултатите што беа видливи и по првите неколку денови. Веќе во првата недела симнав 5 килограми од мојата телесна тежина, што беше добар мотив да продолжам понатаму.
Колкав период бевте на овој тип исхрана и колку килограми успеавте да намалите?
– На Липо-третман бев 4 недели или 31 ден, 14 дена бев на Липо-ќесички, па следуваше 3 дневен детокс период, па нови 14 дена во кои ми беше пропишана исхрана со богат појадок, ручек и вечера. Во овие 4 недели успеав да симнам 10 килограми што претставуваат речиси 10% од мојата телесна тежина.
Колку овој тип исхрана го подобри Вашето здравје?
– Имав голем проблем со киселини во желудникот и чувство на ситост што ми правеше големи мачнини и проблеми. Но по Липо-програмата сите овие проблеми исчезнаа, липосукциската исхрана ми помогна да направам еден убав детокс на организмот и ме мотивираше да се хранам поздраво и да внесувам поразновидна храна.
Како изгледаше еден Ваш ден додека бевте на липосукциска исхрана?
– Можам да се пофалам дека бев доста дисциплиниран, како по книга, ги испочитував сите правила што внимателно и детално ми ги објасни од д-р Валентина Крстеска. А тоа се гледа и од мојот резултат, од кој сум презадоволен.
Какви беа реакциите на луѓето што долго Ве познаваат околу Вашата видлива промена?
– Веќе почнаа многумина од пријателите да се јавуваат и да се интересираат како успеав, имаше и такви што не веруваа во мене, но кога ме видоа по четири недели – резултатите сами ги замолчеа.
Кому би ја препорачале липосукциската исхрана?
– Би ја препорачал на сите, особено на луѓето што имаат лоши навики во прашање на исхраната. И не станува збор само за слабеење, туку на еден организам барем еднаш годишно му треба детокс и прочистување на вишокот масти што ги задржуваме.
Закажете ја вашата бесплатна консултација во „Липо диет“ центарот на „Интернешнал хелт“ Македонија (на улица „Димитрие Чуповски“ бр. 22) или јавете се на телефоните 02 3151714 и 070 535033


