ЛинкедИн со помош на ВИ ќе им помогне на луѓето полесно да најдат работа
ЛинкедИн, социјалната мрежа која служи како алатка за корисниците полесно да најдат работа и да ги споделуваат своите професионални успеси, соопшти дека сега има повеќе од една милијарда членови и дека ќе додаде повеќе функции врз основа на вештачка интелигенција (ВИ) за корисниците кои ги плаќаат услугите на платформата.
Препорачано
Преминувањето на границата од милијарда корисници го става ЛинкедИн во друштво со останатите гиганти, како Фејсбук и Инстаграм. Според истражувањето, околу 80 отсто од членовите се пријавуваат надвор од Соединетите држави, соопшти компанијата.
ЛинкедИн има бесплатна услуга, но нуди и претплати за дополнителни опции. Корисниците кои плаќаат претплата од 39,99 долари месечно ќе добијат нови функции врз основа на вештачка интелигенција кои обезбедуваат попрецизни резултати при барањето на кандидати за работа.
Системот може да препорача и промени на профилот за да го направи корисникот поконкурентен за работа.
Алатката е дизајнирана да им помогне на корисниците да одат „од она што некогаш беше само барање работа и чувство на несигурност до тоа да можат да постигнат огромен напредок со само една посета на страницата“, рече во интервјуто Томер Коен, директорот за производи на ЛинкедИн.


