Вардар 1961 ја урна и Бенфика и го презеде врвот во групата
Денеска во својот трет натпревар од главната фаза во групата 3 од Лига Европа, ракометарите на Вардар 1961 на домашен терен со 33:27 ја совладаа Бенфика и така обезбедија најмалку пласман во осминафиналето, иако постојат шанси да се најдат и на првата позиција, која носи директно место во четвртфиналето.
Препорачано
По првото полувреме македонскиот претставник имаше предност 15:14 против Португалците пред полните трибини во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
На денешниот меч прв стрелец кај победникот беше Малус со девет голови, еден помалку запиша Воркапиќ.
На спротивната страна по пет погодоци имаа Франка Силва и Мореира Алмеида, а по четири имаа Валенсија и Табоада.
Ова е важен триумф за играчите на тренерот Иван Чупиќ и моментно се на првото место во групата со шест бодови.
Шест бодови на втората позиција има и Мелсунген, а по четири Бенфика и Кристијанштад.
Се одигра и вториот меч од групата, шведскиот Кристијанштад дома со 31:30 беше подобар од германскиот Мелсунген.
Следниот меч Вардар 1961 ќе го има на 10 март на гости кај Мелсунген.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
7час
-
7час
-
8час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


