Лига Европа: Елмас брка негатива, Адеми и Ристовски поблиску до осминафинале

epa08674089 Players of Dinamo Zagreb celebrate a goal during the UEFA Champions League qualifying match between Ferencvaros and Dinamo Zagreb in Groupama Arena in Budapest, Hungary, 16 September 2020. EPA-EFE/Szilard Koszticsak HUNGARY OUT

Денеска на програмата се реванш натпреварите од 1/16 финалето во Лига Европа, вкупно тројца Македонци се борат за пласман во следната фаза.

Наполи на нашиот репрезентативец Елиф Елмас од 18.55 часот на својот стадион „Диего Армандо Марадона“ ќе брка негатива, на првиот меч Гранада во Шпанија славеше со 2:0.

Елмас се очекува да добие шанса за настап, тренерот Џенаро Гатузо има проблеми со повредени играчи, а на листата се наоѓаат Деме, Хисај, Лозано, Манолас, Осимхен, Оспина и Петања, а под знак прашалник е и Инсиње.

Нешто поблиску до осминафиналето во ЛЕ е Динамо Загреб на Аријан Адеми и Стефан Ристовски. Од 21.00 часот на стадионот „Максимир“ Хрватите бранат предност од 3:2 стекната во првите 90 минути против Краснодар во Русија.

Од другите мечеви Арсенал на неутралниот терен во Пиреја (Грција) ќе стартува со 1:1 против Бенфика, потоа Милан на „Сан Сиро“ ќе ја пречека Црвена звезда, во Белград средбата заврши со резултат 2:2.

Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ се очекува само рутински да го одработи возвратниот дуел со Реал Сосиеад, првиот натпревар заврши со висок триумф на „црвените ѓаволи“ од 4:0.

Интересно се очекува да биде и на пресметката во Ајндховен каде што ПСВ ќе се обиде да ја анулира негативата од првиот меч против Олимпијакос во кој Грците славеа со 4:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот