Лидерот на партијата за Брегзит полиен со милкшејк! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Лидерот на Британската партија за Брегзит, Најџел Фараж, денеска бил погоден со чашка милкшејк во Њукасл, каде учествувал на настан во рамките на кампањата за претстоечките избори за Европски парламент.

Полицијата соопшти дека 32-годишен маж бил уапсен под сомнение дека го гаѓал Фараж со милкшејк.

Медиумите пренесуваат дека станува збор за Пол Кроутер, кој рекол дека му го направил тоа на Фараж во знак на протест против неговата „огорченост и расизам“.

Инцидентот се случил набрзо откако Фараж им се обратил на поддржувачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот