Лидерката на Хонг Конг изјави дека е тажна за повредените лица во протестите

Фото: EPA-EFE/ALY SONG

Лидерот на Хонг Конг, Кери Лам, денеска изјави дека е тажна заради тоа што во антивладините протести за време на викендот во градот имало и повредени лица.

Таа кажа дека кинескиот претседател Си Џинпинг во текот на вчерашните разговори во Шангај изразил внимание и загриженост кон Хонг Конг, пренесоа британските медиуми.

Кинескиот претседател се сретна со Лам на маргините на Вториот меѓународен трговски саем ЕХПО во Шангај, а кинеската агенција Синхуа јави дека тој изразил високо ниво на доверба на својата влада дека Лам ќе ја стабилизира ситуацијата во оваа полуавтономна кинеска област.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот