Левица: Ваквата циркус-политика достигна ново дно

Националното предавство на СДСМ е логична последица на претходно покрадениот народен имот од страна на крупните сопственици како финансиери на оваа партија. Кооперативноста со фашистичките сили е само нивно прибежиште пред налетот на работниците во одбрана на својата татковина, реагираат од Левица на интервјуто на премиерот Заев за бугарската БГНЕС.

ВИДЕО | Заев: Бугарија не е фашистички окупатор и Гоце Делчев е од двете страни

-Нема повеќе потреба конструктивно да се укажува и расправа за тоа, зошто и како изјавите на премиерот Зоран Заев се погрешни, ревизионистички па дури и фашистички, како рехабилитација на оваа империјалистичка идеологија. Досега ниту еден политичар во 30 – годишната историја на независна Македонија, не „успеал” на овој начин, како Заев, да ги собере сите можни црнила на македонската политика во себе. Ваквата циркус-политика достигна ново дно. Започнувајќи со распродавање на националните економски капацитети, на македонската политичка елита, сега при нивното слугување на странските империјалистички сили, единствено и’ останува да ги распродаде националните обележја, па дури и да тргува со историските факти поврзани со оваа нација- стои во соопштението од Левица.

ВИДЕО | Заев: Сакам да му помогнам на мојот македонски народ

Една од првите задачи на идната народна власт е, потенцираат оттаму, прво да стави крај на овој процес, а потоа и да направи пресврт и да се придвижи во вистинската насока до целосно ослободување на државата, притоа казнувајќи ги сите кои Македонија ја довеле до оваа положба. Нашата задача пак, задачата на Левица, е да бидеме таква власт.

Левица го поддржува народниот револт и нашето раководство заедно со поширокото членство, ќе бидат присутни на вечерашните антивладини протести, се вели во крајот на соопштението.

Заев: Со Бугарија треба да си простиме и да подадеме рака!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот