Заев: Со Бугарија треба да си простиме и да подадеме рака!

Зоран Заев ЕУ
Зоран Заев / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Изразувам жалење што моето интервју предизвика силни негативни емоции за кои сум свесен и ги разбирам, но имам обврска да ги поттикнам македонските граѓани за изнаоѓање решение, изјави премиерот Зоран Заев.

– Треба да се соочиме со прашањата од историјата и да најдеме капацитет за разбирање и  простување, вели Заев, додавајќи дека европските држави ги оставиле историските конфликти во минатото.

Тој нагласи дека македонската државност се темели на антифашизмот, но дека на фашистичката идеологија не треба да и се припишуваат етнички карактеристики.

– Не е поглед кон иднината ако денеска зборувате за фашистичка Бугарија. Да си простиме и да подадеме рака, порача премиерот. 

Според Заев, царска Бугарија во 41-вата година застанува на страна на фашистичкиот Троен пакт, но додаде дека никој не ги прашал Бугарите на референдум за став и не треба сите Бугари да се квалификуваат како фашисти. Тој дополни дека била создадена и т.н. „железна завеса“ меѓу Југославија и Бугарија која се чувствува и денеска.

Заев потсети дека македонскиот идентитет и јазик не се тема на преговори и повика Бугарија да ја признае оваа, како што вели, македонска реалност.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој потенцира дека не знае дали интервјуто ќе помогне за зелено светло за преговарачката рамка од страна на Софија, но дека негова задача било да презентира друг поглед на нештата.

– Свесен сум за реакциите после интервјуто, но лидерите треба да одат напред и да го направат првиот чекор, заклучи премиерот Заев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот