ВИДЕО | Заев: Бугарија не е фашистички окупатор и Гоце Делчев е од двете страни

Нашата историја е заедничка. Нека го почувствуваат тоа граѓаните на двете земји. Да го немаше Гоце Делчев, ќе мораше да го измислиме за да не обедини. Ова го рече премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев во интервју за БГНЕС.

На прашањето: “Србија преименуваше булевар во центарот на Белград затоа што Гоце Делчев бил Бугарин. Велејќи дека е Бугарин – дали Гоце Делчев е помалку Македонец?“ Заев рече дека нашата историја е заедничка и треба да да не обедини.

– Заради тоа што општата историја е заедничка и општа и таа треба да ја оставиме  да не сплотува и двете страни граѓани и Бугари и Македоници да си ја чувствуваат за своја. Затоа што ако го немало Гоце Делчев требало да го измислиме за да не спојува. Затоа што историјата заедничка во еден минат регион на територија на регионална Македонија навистина живееле Македонци кои зборувале македонски јазик, но живееле и Бугари кои зборувале бугарски јазик, живеел луѓе кои истовремено се чувствувале и Бугари и Македонци и тоа е апсолутно право, низ таа заедничка историја, ние двете страни треба да бидеме паметни и да ги градиме мостовите на пријателство и затоа зборуваме дека Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, којшто се борел и за слободата на Македонија и за Одринско и за се. И тоа е апсолутна реалност, рече Заев.

– Ги имаме книгите, тие мора да бидат објавени, историчарите мора да го потврдат ова и целото тоа ќе се направи на најубав начин за да станеме уште подобри пријатели, уште повеќе да соработуваме, кај младите луѓе да направиме уште подобра атмосфера, за да го користат тоа минато како скалило за уште подобра иднина, рече македонскиот премиер.

На прашањето дали македонската држава е подготвена да ја отвори оваа страница и луѓето во Македонија да разберат што се случува , Заев рече дека за историските личности од средниот век, како Цар Самоил, Кирил и Методиј, Св. Климент и Св. Наум рече, ги славиме заедно и мора да ги опишеме во учебниците. Учебниците и во Северна Македонија и во Бугарија се напишани на погрешен начин, смета сегашниот премиер на Република Северна Македонија .

На околу 20 места беше променето: „бугарскиот фашистички окупатор“. Ова не е така, Бугарија не беше фашистичка, Бугарија е наш пријател, рече Зоран Заев .

На одговорот на Заев дека според истата логика, кога разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел, тој треба да и каже дека се фашисти, Заев рече: ” Тоа не е точно. Имало некогаш некој пат некоја администрација. После тоа Бугарија се бори против фашизмот за слобода за демократија и апсолутно е дел од тој антифашистички фронт . Бугарските и македонските армии ги ослободија областите – Крива Паланка, Куманово – целиот регион, Скопје. Ова е убав момент од нашата историја што нè прави уште поединствени. Јас ги кажав историските факти на кои треба да работиме во иднина заради тоа што периодите наназад тоа не ни го овозможиле. Сега треба да бидеме паметни, сегашните генерации тоа да го промениме во духот на огромното пријателство, коешто го имаме, коешто гарантира уште поубава соработка во периодот што доаѓа, вели Заев во интервјуто за БГНЕС.

ВИДЕО | Заев: Пендаровски е пријател на Бугарија, некој пат не сме доволно внимателни со зборовите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот