Сообраќај / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

АСО: Зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност е неоправдано и без основа

Во дописот до медумите, АСО наведува дека „ја охрабрува Владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити правата на осигурениците и преку измени во Тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност“

Целосно е неоправдан и без основа потегот со кој осигурителните компании ги зголемија цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурување.

Според АСО, која е регулатор на пазарот на осигурување, зголемувањето на цената на осигурувањето не е во функција на јакнење на заштитата на осигурениците.

-Напротив, ова зголемување на цените е само и исклучиво во функција на покривање на трошоците за оперативно работење на компаниите за осигурување, информира Агенцијата.

Кој ќе им ги врати парите на тие што платија поскапо осигурување за автомобилска одговорност?

Во дописот до медумите, АСО наведува дека „ја охрабрува Владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити правата на осигурениците и преку измени во Тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност“.

До надлежната комисија при Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурување доставила анализа во која се содржани клучните аргументи против зголемување на цената на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот