Левандовски ги избра најдобрите напаѓачи во светот, изненадувачки не се вброи меѓу нив

twitter.com/FCBayern

Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, додека се подготвува за продолжување на Бундеслигата и утрешниот дуел со Унион Берлин, доби интересен предизвик од новинарите, да ги издвои најдобрите пет напаѓачи на светот.

– Да ги набројам петте најдобри напаѓави на светот во овој момент. Ова е тешко прашање… Доколку зборуваме за оние класични деветки, тогаш би ги избрал Карим Бензема, Тимо Вернер, Луис Суарез, Серхио Агуеро и Килијам Мбапе – изјави Левандовски, кого фудбалските експерти токму него го сметаат за најдобар класичен напаѓач во светот.

Фудбалерот на Баерн Минхен имаше само пофални зборови за играчот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд кој во зимскиот преоден рок дојде во Бундеслигата и на 11 натпревари постигна 12 гола.

– Тој е огромен потенцијал, но за него се уште има време. Не сакам да ставам дополнителен притисок на него со бомбастични изјави. Доколку продолжи да работи напорно, ќе биде уште подобар. Мислам дека за него е најдобро да остане уште некоја сезона во Бундеслигата и да продолжи да се развива, а дури потоа да го направи следниот чекор – вели Левандовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот