Лет одложен откако семејство се обидело да внесе покојна баба во авионот: Тврделе дека е „само уморна“
Летот на британската авиокомпанија „Изи Џет“ (EasyJet) од Шпанија кон аеродромот Гетвик во Лондон бил одложен за неколку часа, откако семејство се обидело да ја внесе нивната покојна баба на летот, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Според сведоци, 89-годишната жена била сместена во инвалидска количка и донесена до крајот на авионот, каде што требало да биде седната на место. Членовите на семејството тврделе дека жената е „само уморна“ и се претставувале дека се „лекари“.
Првично, персоналот на авиокомпанијата дозволил влез, но наскоро било јасно дека жената е почината. Авион бил подготвен за полетување, но летот бил стопиран во последен момент и повикана била итна помош.
„Изи Џет“ ги демантираше тврдењата дека жената била мртва при влезот, истакнувајќи дека имала здравствен сертификат за лет и била жива кога се качила на авионот.
Некои патници изјавиле дека изгледала како да е веќе почината, додека други ја критикувале одлуката на персоналот, наведувајќи дека било очигледно дека не била способна за патување.
Инцидентот предизвика бројни реакции и прашања за безбедносните протоколи при превоз на починати луѓе. Авиокомпанијата изрази сочувство до семејството и потврди дека патниците биле информирани за причините за одложувањето.


