Лесно може да поминат незабележливо: Тивки и нејасни симптоми на ракот на дебелото црево

Фото: Профимедиа

Ракот на дебелото црево е втора водечка причина за смртност како резултат на малигните болести во развиените земји, а четврта во светот.

За жал, симптомите на карцином на дебелото црево може да бидат нејасни или лесно може да се измешаат со другите состојби (наследно оптоварување, навики во исхраната, диети, прекумерна тежина и дебелина, намалена физичка активност, пушење). Токму затоа е многу важно да се спроведуваат превентивни анализи и тестови, особено ако се во прашање високоризичните групи.
Ако ракот на дебелото црево е откриен порано и лекувањето почне веднаш, тој може да се излекува.
Ако забележите некој од овие симптоми, јавете се кај лекар.

1. Анемија

Дијагнозата на анемија може да биде првиот знак на внатрешно крвавење, дури и ако немате никакви други симптоми, а овој симптом е особено важен за жените што влегле во менопауза. Мошне необичен факт е дека човек може да крвави и до шест месеци пред тоа да се забележи во столицата, велат гастроентеролозите. Ако ги забележите овие симптоми на анемија, посетете лекар.

2. Не можете да дишете

Друг симптом на бавно внатрешно крвавење е недостигот на здив. Ако не станува збор за агресивно крвавење кога веќе и повраќате крв, телото ослободува повеќе плазма во крвта без производство на железо и црвени крвни зрнца, објаснуваат гастроентеролозите. Овој процес го спречува губењето на крвта во големи количини, но ја намалува способноста на крвта да пренесува кислород, што за последица може да резултира со тешкотии со дишењето, еден од симптомите на ракот на дебелото црево.

3. Подуени сте и имате грчеви

Кога работите не одат како што треба во цревата, доаѓа до запек, но и до грчеви. Секако, може да постојат многу причини за овие појави, но ако состојбата не поминува, веднаш одете на лекар. Ако почувствувате силна и постојана болка во десната страна на стомачната празнина, тоа може да биде знак дека станува збор за доцна фаза на болеста, која веќе се проширила на црниот дроб.

4. Долго време ве мачи запек

Запекот што се јавува само повремено и често е последица на храната, не е нешто за што треба да се загрижите, но ако се претвори во нешто што не поминува, тоа може да биде симптом на рак на дебелото црево. Ако ова е најтешкиот случај што ви се случил, задолжително посетете лекар.

5. Столицата ви е со исклучително непријатен мирис

Треба да се обрне внимание на тоа што завршило во тоалетната школка, па дури и ако не видите крв, столицата може да открие многу за здравјето.
Ако столицата ви е инаку „дебела“, а во последно време гледате дека е многу тенка или со необичен облик, може да станува збор за полипи што се развиле и ја менуваат формата на столицата. Константната дијареја, исто така, може да биде симптом на рак на дебелото црево.

6. Столицата ви е со чудна боја

Крвавењето од ректумот додава црвена боја на столицата, но ако таа е темна, тоа може да биде сигнал и дека имате проблеми со цревата и дека има крв во нив. Иако може да биде симптом на чир, исто така може да предупреди и за рак на дебелото црево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот