Леонардо да Винчи имал само едно нешто кое не знаел да го нацрта: Цртежите на познатиот уметник се едни од најголемите мистерии на денешницата!
Пред половина милениум, фирентинскиот уметник и пронаоѓач скицирал детали од човековата анатомија неверојатно прецизно – меѓутоа, еден дел од телото никако не успеал да го усоврши.
Всушност, поедини анатомски карактеристики Да Винчи ги нацртал како пред себе да има снимки настанати со апарати од денешната технологија. Неговиот приказ на рамената изгледа како тридемензионална визуелизација.
Меѓуота, кога биле во прашање деловите на женскиот репродуктивен систем, таа прецизност недостасувала. Тие делови од телото повеќе наликувале на животински отколку на човечки. Причината за тоа што Леонардо ги цртал така деловите е најверојатно тоа дека користел тело на животни како модел.
Питер Абрахамс од Медицинската школа при универзитетот во Ворвик објаснува дека славниот уметник најверојатно имал потешкотии да пронајде тело од женски пол, па затоа не успеал да ја анализира анатомијата на женското тело во таа мера како машкото.
„Дефинитивно било потешко да се најде женско тело за скицирање, па немал многу можности“, приметил Абрахамс и додал дека во времето на Леонардо, мртвите тела не се чувале за анализа подоцна, туку започнувале да скапуваат после 2 до 3 дена.
Сепак, тоа не ја намалува вредноста на неверојатната работа на Леонардо да Винчи. Колку бил пред своето време, најдобро докажува фактот дека денешните анатомии дури 60-тина години се занимаваат со деталите на мускулите и тетивите на прстите на начин на кој Фирентинецот тоа го правел пред повеќе од пола милениум. Исто така, тој бил првиот кој го скицирал човековиот р’бет прецизно и особено фасцинантно е тоа што во потполност утврдил како крвта се движи низ човечкото тело, а таа мистерија била разоткриена дури во 1628 година – цел век по смртта на Да Винчи.
„Тој сакал да го разбере човековото тело како функционира“, рекол Абрахамс за LiveScience. „Го посматрал човечкото тело како што тоа би го направил механичар. Голем дел од таа работа и ден денес е премногу важна“.