Легендата на Манчестер јунајтед заврши во притвор, ја нападнал својата девојка

epa07642045 Head coach Ryan Giggs of Wales before the UEFA EURO 2020 Group E qualifying match between Hungary and Wales in Groupama Arena in Budapest, Hungary, 11 June 2019. EPA-EFE/Tamas Kovacs HUNGARY OUT

Легендарниот играч на „црвените ѓаволи“ Рајан Гигс западна во проблеми.

Актуелниот селектор на Велс, Рајан Гигс е обвинет за насилство откако наводно ја нападнал својата девојка. Поранешниот фудбаллер и неговите претставници ги демантираа ваквите обвинувања, а Гигс вчера бил уапсен, но потоа и пуштен од притвор откако ја платил кауцијата.

Британскиот таблоид „Сан“ објави дека полицијата го привела 46-годишниот Гигс поради нанесување повреди на својата девојка, откако добила повик од соседите поради големата галама.

– Триесетгодишна жена претрпе полесни повреди, но не и беше потребна медицинска помош. Уапсен е 46-годишен маж под сомнение за напад според член 47 и напад според член 39 – стои во соопштението на полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот