Легендарниот музичар заминува на трансплантација на бубрег (ВИДЕО)

Американската музичка легенда, Стиви Вондер на синоќешниот концерт во Лондон најави дека ќе оди на итна операција за трансплантација на бубрег.

,,Јас сум добро, добро сум, се е во ред, имам донор и во ред е. “ , рече 69 годишниот пејач пред публиката на летниот фестивал што се одржува во Хајд парк.

Откако ја испеа песната “Superstition”, легендарниот музичар и се обрати на публиката и рече дека не сака да се шират гласини за неговото здравје.

Стиви најави дека операцијата ќе биде во септември, а пред тоа ќе одржи уште неколку концерти.

Поддршка на Стиви Вондер на синоќешниот концерт му беше пејачот и негов пријател Лајонел Ричи.

https://www.youtube.com/watch?v=vPiJD5ld0gY

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот