Легендарниот хит на Ролингстоунс – „Satisfaction“ бил снимен за еден ден!

Instagram

„The Rolling Stones“  за време на нивната трета северно-американска турнеја, на 12 мај 1965 година во RCA Hollywood студиото за еден ден ја снимиле легендарната песна „(I Can’t Get No) Satisfaction“, чии автори се Мик Џегер и Кит Ричардс.

Instagram

Се смета дека со неа започнала новата ера на рок музиката, а тоа беше и пресвртница за кариерата на бендот. Во изборот за 500 најголеми хитови на сите времиња, песната е втора на листата веднаш по „Like a Rolling Stone“ на Боб Дилан. Песната посебно ја означува воведниот гитарски риф на Ричардс, за кој ја добил идејата додека сонувал. Според таа приказна, тој се разбудил рано наутро, ја земал гитарата и го вклучил касетонот кој секогаш го држел покрај креветот, па веднаш после тоа продолжил да спие.

Текстот на песната го напишал пејачот Мик Џегер, а тој се однесува на оттуѓување на млад човек, неговото незадоволство кое расте со конзумеризмот во модерниот свет каде „на радио се слушаат безкорисни информации и каде човекот од телевизорот кажува колку треба да ви е бела маицата“. Песната се сметала за вознемирувачка, поради сексуалните конотации, но и поради самиот негативен поглед кон комерцијализацијата и други аспекти на модерната култура се причината зошто имала лош глас и била цензурирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот