Легендарниот гитарист на Ролинг Стоунс, Кит Ричардс полни 76 години! (ФОТО)

Facebook

Американскиот музичар, списанието Ролинг Стоунс го нарече авторот на „најдобрите соло рифови во рок музиката“ на гитара и го стави четврт на листата за 100 најдобри гитаристи во 2011 година.

Тој е роден на денешен ден 1943 година во Англија и своите училишни денови ги поминувал заедно со својот најдобар пријател Мик Џегер.

Легендарниот гитарист на Ролинг Стоунс во 1962 година напишал писмо за својата тетка, а во него пишува за прекрасниот пријател кој штотуку го запознал. Тоа биле почетоците на пријателството и соработката помеѓу Кит Ричардс и Мик Џегер.

„Знаеш колку го сакам Чак Бери. Мислев дека сум негов единствен обожавател во ова поле. Едно утро ја држев плочата на Чак во раце кога ми пријде еден млад дечко, го знаев од училиште. Тој ги има сите плочи од Чак Бери, тој и сите негови пријатели обожаваат „rhythm&blues“. Мислам на она вистинското r&b, прекрасно! Тоа момче се вика Мик Џегер. Сите момчиња и девојчиња се собираат во „Carousel“, а едно утро одлучив и јас да им се придружам. Ме викаат на бројни забави. Освен тоа, Мик е еден од најдобрите пејачи кои некогаш сум ги слушнал. И не мислам дека можеби е така, тој е навистина одличен! Јас свирам на електрична гитара, а ни се придружија и уште неколку дечки, па вежбаме по 2 до 3 пати неделно“, напишал Кит.

Тој на својата тетка и раскажал и нешто за нивните љубовни успеси, па рекол и како за време на викендот однеле неколку девојки во нивниот омилен клуб. Ова писмо било објавено во автобиографијата на Ричардс „Life“.

https://www.instagram.com/p/ByLYaPvnXZy/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот