Лефков со нови сознанија за „Броило”: Во фирмата основана Ковачевски завршуваат парите од договорот со ЕВН

Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Фирмата на кумот на Ковачевски склучила договор со ЕВН од над 2 милиони евра, во време кога Ковачевски е заменик министер за финансии, тврди пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миче Лефков кој презентираше нови сознанија за аферата „Броило“ и за „соларниот картел“, како и за она што го нарекуваат „трговијата на влијание на Димитар Ковачевски“.

-Само во еден потег, кумот на премиерот Ковачевски добил работа од 2 милиони евра. Соларниот профитер Ковачевски заработува суми на пари додека народот осиромашува. Имено, фирмата на кумот на Ковачевски склучува договор со ЕВН, каде државата има удел, во време кога дезертерот Ковачевски е заменик министер за финансии. Договорот помеѓу КМГ ЕОЛ Квазар на кумот на Ковачевски и ЕВН е склучен на 03.02.2021 година, и истиот е во вкупна вредност од 123 милиони денари, без вкалкулиран ДДВ, односно над 2 милиони евра. Договорот на фирмата на кумот на Ковачевски со ЕВН е со времетраење од две години, и тој е се уште во сила, односно ЕВН се уште може да ги користи услугите на КМГ ЕОЛ Квазар, на кумот на Ковачевски, додека самиот Ковачевски е премиер на државата. Самиот факт што Ковачевски е заменик министер додека фирма на неговиот кум склучува договор со претпријатие каде државата има интерес буди сомнеж за начинот на избор. Дополнителен сомнеж буди фактот што договорот може да се извршува и да се користат услуги од истиот додека Ковачевски е премиер, изјави Лефков.

Тој тврди дека фирмата на кумот на Ковачевски не е производител на панелите, туку само ги монтира истите, а произведувач на фотоволтаични панели во соларниот картел на фирми е фирмата основана од Ковачевски, Пиксел груп.

-На овој начин фирмата основана од Ковачевски е фирмата кај која ќе завршат парите од оваа набавка од над 2 милиони евра. Со ова фирмата основана од Ковачевски е таа која има директен профит од договорот помеѓу КМГ ЕОЛ Квазар и ЕВН. Дезертерот Ковачевски да не чека и да си поднесе оставка веднаш. Ковачевски е фатен во центарот на соларен картел, како преку аферата Броило се свртени 26 милиони евра, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот