Леао има желба за партнер во нападот на Милан, сака еден поранешен фудбалер на Јувентус
Ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, неодамна откри кого би сакал да го види како партнер во нападот на „росонерите“, неговиот добар пријател и поранешен фудбалер на Јувентус, Моизе Кин.
Препорачано
Португалецот, кој често комуницира со фановите преку преноси во живо на Твич, доби прашање од еден од фановите дали Кин ќе се приклучи на неговиот следен стрим. Леао не само што потврди дека би сакал да се дружат на таков начин, туку отиде чекор подалеку со порака и до Милан.
„Би сакал… Би сакал да дојде и во Милан исто така! Го сакам Мозе, тој ми е брат и заедно би било лудо! Ќе ги згазиме сите“, изјави Леао.
Иако желбата на Леао е јасна, шансите Милан да го донесе Кин не изгледаат реални во овој момент. Напаѓачот е под договор со Фиорентина, каде откупната клаузула изнесува високи 52 милиони евра, а клубот е во преговори за нејзино зголемување или укинување во следната сезона.
Милан, кој активно бара засилување во нападот, моментално води разговори со Манчестер јунајтед околу евентуален трансфер на данскиот напаѓач Расмус Хојлунд.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7час
-
7час
-
10час
-
10час
-
11час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


