Фото: илустрација / Слободен печат / Драган Митрески

Ќе одговара штипјанецот кој лажно се претставуваше како полицаец и пустошеше низ Штип

Штипјанецот кој што лажно се претставуваше како полицаец и украде кола од сограѓанин, потоа нападна жена и ѝ го украде кучето  ќе одговара за  тешка кражба на дрзок начин, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Штипјанец решил да се стори полицаец – украл кола и куче, нападнал вистински орган на редот – Слободен печат

„СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Х.Ј.(45) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лажно претставување“, „одземање на моторно возило“ и „тешка кражба на дрзок начин“. На 09.03.2025 на ул.„Рибник“ во Штип, пријавениот сопрел патничко возило „пежо“ во сопственост на правен субјект, претставувајќи се лажно како полициски службеник, при што го одзел возилото и си заминал од местото. Истиот ден, на ул.„Сутјеска“, додека пријавениот го управувал одземеното возило, застанал до едно женско лице, физички го нападнал и го одзел нејзиното куче“ соопшти МВР.

Уапсен е полицаец – возел во спротивна насока кај МВР, па му се заканувал на колегата кој го запрел – Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот