Лазаров: Задоволен сум од желбата и ангажманот на целиот тим

Фото: EPA-EFE/Christopher Neundorf

 

Ракометната репрезентација на Македонија беше поразена во двата контролни натпревари против Романија. Првиот со 27:32, додека вториот со 24:28.

Селекторот Кирил Лазаров и покрај поразите изјави дека е задоволен од прикажаното на неговите избраници во Браила.

„Ја искористивме максимално ЕХФ неделата да одиграме два пријателски натпревари со Романија на гостински терен која исто така се подготвува за бараж натпреварот против Чешка во мај. Во недостаток на повеќе од половина стандарден тим, од оправдани причини, шанса дадовме на нови играчи кои се дебитанти или имаат лимитирана улога во националниот тим во нормална ситуација Вакви натпревари се од голема важност да се види на кого може да се рачуна во ваков тип на тешки натпревари поготово на гостински терен. Се надевам дека за баражот во мај ќе се комплетираме и ќе се подготвиме да одиграме квалитетен бараж натпревар бидејќи не очекува сериозен противник за пласман на Светското првенство. Задоволен сум од желбата  ангажманот и односот на овие два натпревари од целиот тим“, изјави Лазаров.

Овие два натпревари за Македонија беа подготовка пред двомечот во баражот за Светското првенство со незгодната селекција на Фарски Острови против која ќе играме на 15. и 18. мај.

Најдобрите македонски ракометари поразени и на вториот меч против Романија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот