Најдобрите македонски ракометари поразени и на вториот меч против Романија

Македонската ракометна сениорска репрезентација/фото: РФМ

По поразот во првиот контролен меч во рамките од ЕХФ неделата, и денеска во вториот тест во Браила загуби македонската сениорска ракометна репрезентација од Романија овојпат со резултат 28:24.

Романците започнаа фуриозно стекнувајќи позитива од 6:2, ние успеавме да намалиме на 6:4, а нешто подоцна да бидеме и на само „минус еден“ (8:7).

Но, по првото полувреме избраниците на селекторот Кирил Лазаров имаа негатива од „минус пет“ (15:10).

Црвен картон на стартот од вториот дел доби Кузманоски, домаќинот не ни дозволуваше повторно да се доближиме резултатски, па до крајот на дуелот само ја одржуваше предноста на пет-шест голови разлика (23:17, 25:20) и рутински дојде до победата.

Најефикасен во редовите на нашата селекција беше Серафимов со пет голови, а по четири имаа Митев и Пешевски.

Овие мечеви беа како подготовка за мундијалскиот бараж против Фарски Острови чии натпревари ќе се играат во мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот