Македонија поразена на првиот тест против Романија

Фото: RFM

Репрезентацијата на Македонија беше поразена на првиот тест против Романија со 27:32 во рамките од подготовките за баражот за Светското првенство.

Првото полувреме донесе израмнет натпревар, а Македонија водеше со еден разлика 16:15. Сепак, Романија во вториот дел успеа да направи пресврт и на крајот да слави со 32:27.

Утре Македонија ја очекува вториот пријателски натпревар против Романија кој за разлика од денешниот ќе биде отворен за јавноста и ќе се игра пред публика.

Овие два натпревари на Македонија се дел од подготовките за двомечот против Фарски Острово во мај за пласман на Мундијалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот