Лазаров: Рангелова не даваше никакви насоки како да се протестира

Сведокот во судница нагласи дека само тој добивал насоки од Миле Јанакиески и Кирил Божиновски и нагласи дека тоа го знае бидејќи бил во близина на колешката Даниела Рангелова додека таа преку телефон зборувала со членови на нејзиното семејство.

Даниела Рангелова реагираше на сите мои укажување дадени во насока седницата да трае подолго, односно на насоките да одложуваме за да не се усвои дневниот ред. Веќе еднаш кажав и пак ќе повторам, насоки за дејствување добивав само јас од Божиновски и Јанакиески, изјави сведокот на ОЈО, Томислав Лазаров, поранешниот советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Центар на рочиштето за случајот „Насилството во Центар”.

Сведокот во судница нагласи дека само тој добивал насоки од Миле Јанакиески и Кирил Божиновски и нагласи дека тоа го знае бидејќи бил во близина на колешката Даниела Рангелова додека таа преку телефон зборувала со членови на нејзиното семејство.

Лазаров истакна дека Рангелова не давала насоки ниту на насобраните протестанти.

Билјана Чурилова сведок во процесот, а поранешна совентичка на СДСМ во Советот на Општина Центар истакна дека Рангелова била еден од организаторитe на протестите.

– Советниците од ВМРО-ДПМНЕ постојано комуницираа со луѓето надвор. Толпата прво дојде од страната каде седеа овие советници, но по упатство на Саше Трпевски, Томислав Лазаров и Даниела Рангелова завртеа околу бараката и продолжија да дивеат од нашата страна. Можам со сигурност да ви кажам дека Даниела Рангелова го наведуваше градоначалникот цело време да излезе надвор и да се соочи со толпата. Цело време му дофрлуваше да излезе да види зошто го бараат. На такво инсистирање, јас да бев немаше да излезам, имавме чувство дека нешто ќе се случи – изјави сведокот Чурилова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот