Лазаров: Имаме големо искуство, но нема да биде лесно во баражот против Словачка
Денеска најдобрата македонска машка ракометна репрезентација предводена од селекторот Кирил Лазаров го имаше првиот собир пред настапот во баражот против Словачка за пласман на Светското првенство 2027.
Препорачано
Како што веќе е познато, Лазаров за двата меча на располагање ќе има вкупно 20 ракометари. Повеќе ТУКА
Првиот дуел ќе се игра на 14 мај во Прешов, а три дена подоцна е реваншот во Скопје во салата „Борис Трајковски“.
Пуштени се во продажба билетите за возвратниот натпревар, билетите се по цена од 400 и 500 денари и истите се достапни преку продажната мрежа на МК Тикетс.
– Ова е бараж за Светско првенство, и имаме големо искуство и ние како стручен штаб, и одреден дел од играчите. Без разлика на противникот, ова се одлучувачки натпревари, и дека се играат под голем притисок поради важноста на истиот. Имаме почит кон селекцијата на Словачка, која што подолг период функционира заедно со еден селектор, што доаѓа од земја која што дава најдобри тренери во сите спортови, воопшто, од Шпанија. Имаат изграден добар систем, немаат поединци, кои се истакнуваат, туку играат тимски, системски. Имаме голема почит, нема да биде лесно, тоа сме свесни – рече Лазаров.


