Лазаревски од РК Металург направи трансфер во Словенија

Милан Лазаревски потпиша две и пол годишен договор со Тримо Требње/Фото: rktrimotrebnje.si

Милан Лазаревски, кој во целата своја досегашна кариера беше дел од ракометниот клуб Металург, денеска потпиша 2,5-годишен договор со екипата на Тримо Требње од Словенија.

– Почна да тренира во нашата школа во Автокоманда, а од Металург заминува како афирмиран ракометар. Му посакуваме успех во новата средина – информираа од РК Металург.

Трансферот го потврдија и Словенците на својот клупски сајт, 24-годишниот пивот Лазаревски доаѓа како замина за повредениот Лан Грбиќ.

– Многу сум среќен што доаѓам во голем клуб каков што е Тримо Требње. Се развива еден сериозен и амбициозен проект. Се чувствувам одлично, бев пречекан од моите соиграчи и стручниот штаб. Благодарам за можноста и фокусиран сум на зацртаните цели – рече Лазаревски.

Моментно во најсилниот словенечки шампионат Тримо Требње се наоѓа на второто место со 22 бодови, три помалку зад водечкиот Целје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот