Лавров и руската делегација се уште не добиле американски визи за учество на Генералното собрание на ОН

Сергеј Лавров
Сергеј Лавров / Фото EPA-EFE/DITA ALANGKARA

Во писмо упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, официјална Москва ја изрази својата загриженост затоа што се уште не се добиени американски визи за членовите на руската делегација предводена од министерот за надворешни работи Сергеј Лавров за учество на Генералното собрание на светската организација, пренесуваат денеска западните медиуми.

„До 1 септември, ниту еден од 56-те руски дипломати нема добиено виза за влез во САД” за да присуствува на неделата на Генералното собрание, што на високо ниво ќе се одржи од 20 до 26 септември во Њујорк”, напиша рускиот амбасадор во ОН Васили Небензија во писмото до Гутереш.

Тој додаде дека истото важи и за новинарите и членовите на екипажот на авионот во кој треба да патува рускиот министер.

„Ова е загрижувачко и затоа што во последните месеци американските власти постојано одбиваа да издадат визи на голем број руски делегати кои требаше да присуствуваат на официјални настани во ОН”, се наведува во писмото, повикувајќи ги САД да ги почитуваат своите „законски обврски” и „брзо да ги одобрат” бараните визи.

Според договорот од 1947 година, меѓу САД и ОН, Америка не треба да го спречува транзитот на претставници на земјите членки до седиштето на ОН.

Портпаролката на генералниот секретар на ОН за француските медиуми изјави дека се во „близок контакт” со САД во однос на прописите од договорот усвоен во 1947 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот