Висок функционер на Стејт департментот лично наредил да му се издаде виза на избеганиот поранешен полски министер Зјобро
Поранешниот полски министер за правда Збигњев Зјобро, кого властите во Варшава сакаат да го изведат пред суд, добил американска виза со помош од висок функционер во администрацијата на Доналд Трамп, објави „Ројтерс“. Според три извори запознаени со случајот, заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, им наложил на високи функционери во Стејт департментот да помогнат визата …

