Лапорта оптимист: Халанд од следното лето во Барселона!?

Жоан Лапорта планира да се вклучи во трката за трансферот на Халанд/ фото: EPA-EFE/Marta Perez

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта на вчерашното претставување на Феран Торес од Манчестер сити изјави дека сите треба да бидат подготвени за големо враќање на Барселона.

Навивачите на каталонскиот тим паднаа во голема еуфорија по зборовите на претседателот, а Лапорта денеска отиде чекор понатаму.

Зборувајќи оптимистично за шпанската „Марка“: „Ќе потпишеме со Халанд следното лето“. Она што може да влијае на евентуалниот трансфер во Барса се одличните односи со агентот на Норвежанецот, Мино Раиола.

Според „Билд“, Халанд следното лето во договорот ќе има откупна клаузула од 80 милиони евра, а Барса ќе има голема конкуренција од сите великани на европскиот фудбал кои веќе стојат во ред за потпис со напаѓачот на Дортмунд.

Исто така, она што може да им помогне на Каталонците е фактот дека Халанд би бил првата ѕвезда на Блауграна, но Лапорта и Чави сигурно ќе мора да најдат начин дополнително да го засилат клубот.

Халанд постигна нереални 76 гола и забележа 20 асистенции на 75 натпревари откако е во дресот на „милионерите“.

Кои се најдобрите и најскапите фудбалери на кои им истекува договорот на лето, Мбапе е врвот на листата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот