Лапорт го пецна градскиот ривал: И Јунајтед троши многу пари, а не освојува трофеи

Ејмерик Лапорт/ фото: EPA-EFE/VINCE MIGNOTT

Дефанзивецот на Манчестер сити и на шпанската репрезентација, Ејмерик Лапорт, смета дека вложувањата на неговиот тим се покажаа далеку поисплатливи отколку тие на градскиот ривал.

– Можеби луѓето не се уморни од нас, но мислат дека е нормално секогаш да победуваме. Мислам дека освоивме 11 трофеи во последните четири години, тоа може да смета на некого, посебно на градскиот ривал кој не освои ништо. Тешко им е да го разберат тоа, но може да има само еден победник. А и тие потрошија многу пари – изјави Лапорт во интервјуто за „Гардијан“.

Шпанецот открива е дека очекувања се доста голема од играчите на Сити.

– Ние сме само луѓе и тоа јавноста мора да го разбере. Го победивме Јунајтед и загубивме од Кристал Палас. Тоа не се објаснува со пари, колку и да е скап еден играч, тоа не значи дека е најдобар. Ние сме лидери во Премиер лигата, имаме бод повеќе од Ливерпул, имаме најдобра одбрана, а сепак луѓето велат дека имаме проблем во одбраната. Поради тоа не сакам да помислам низ што минуваат играчите на Јунајтед.  Понекогаш тоа знае да ги иритира играчите, но такво е општеството – додава Лапорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот