Лансиран првиот товарен брод напојуван од зелен метанол

Лансиран првиот товарен брод напојуван од зелен метанол / Фото EPA-EFE/Mads Claus Rasmussen

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го лансираше првиот контејнерски брод во светот напојуван од зелен метанол.

Бродот во сопственост на данската бродска компанија Маерск денеска во Копенхаген го доби името Лаура Маерск. Го добил името по првиот параброд на компанијата, кој капетанот Петер Маерск Молер го нарекол Лаура на крајот на 19 век.

„Пионерите како вас ја обликуваат економијата на иднината“, рече фон дер Лајен на церемонијата на пристаништето.

Зелениот метанол е гориво кое се произведува со обновлива енергија, а не со фосилни горива.

„Овој настан е голема работа, не само за Европа туку и за целиот свет“, рече Фон дер Лејен. „Додека пловете по водите на светот, нека вашите патувања бидат среќни, а вашите мисии успешни“, изјави таа.

Според бродската компанија, бродот Лаура Маерск е долг 172 метри. Произведен е во Јужна Кореја, а на еден резервоар зелен метанол може да помине околу 11.000 километри.

Маерск нарачал 25 бродови кои можат да користат метанол. Денес, меѓународната поморска индустрија е одговорна за околу 3 проценти од глобалните емисии на ЦО2, што е повеќе од вкупните емисии на Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот